Get Adobe Flash player
Колку повеќе играчки тоа подобро
03.08.2007
tamyia-rcПроблемот е што радио контролираните модели на Tamyia се многу повеќе од обични играчки. Tamyia конечно ги послуша фановите и на пазар го врати моделот Hotshot.

Станува збор за модел во размер 1 спрема 10 погон на четири тркала чија продажба стартува месецов.

Hotshot вообичаено доаѓа сео независно ослонување на сите тркала со можност за местење во сите правци како кај вистински болид. Сменети и се и погонските вратила кои сега создаваат помал отпор со што е подобрена ефикасноста.

Механичкото управување сега има електронска контрола за да биде попрецизно, а целата конструкција почива на алуминиумска шасија.

Високата технологија има и своја цена. Сепак убавината на Tamyia е во тоа што никогаш не била прескапа. Hotshot може да се купи за околу 300 долари.

 

 

 

 

Facebook