|
27.04.2007 |
Се сеќавате на детството и на фамилијарните излети. Беа
совршени за физичка активност: фудбал, брканица, долга магарица… Но, без омилената
кошарка, бидејќи кош не се наоѓа секаде.
Сега и тоа се смени. Portable B ball e нова генерација
на систем за кошарка кој би требало да направи револуција во играта. Овој нов
продукт нуди слобода во играњето кошарка. Може да играте секогаш и секаде.
Portable B ball се закачува на куката за влечење на
секој автомобил, ван, теренец, Pick Up или SUV. И што е најубаво
можете да го возите преносниот кош на кука додека патувате кон омилената
локација.
Можностите што ги нуди Portable B ball се бесконечни.
Играјте на паркинг, во парк, на плажа, во природа, уживајте во турнири тројца
на тројца итн. Може да направите половина игралиште или пак целосен терен за
кошарка со поставување на два автомобили со Portable B ball еден
наспроти друг.
 
 
Телескопскиот носач дозволува местење по висина од 120
сантиметри до 3 метри. Така детското игралиште се претвора во игралиште во полн
формат, за да ужива и тато со другарите плескајќи партија баскет. Цената
не е мала 360 евра, но бидејќи кошарката е друштвена игра и купувањето може да
се претвори во друштвена инвестиција. Кој милува нека повели. И што има да
се каже уште. Пријатно играње.
|