|
24.08.2007 |
Зошто да се задоволите со обично кога можете да добиете
нешто необично? Ова прашање си го поставија во American Custom
Trailers и дадоа соодветен одговор.
Одговорот гласи: повелете и купете
си приколка со имиџ на Corvette или Mustang и безгрижно одвлечете го својот мотоцикл секаде каде што
ќе посакате.
Заради функционалност, но и за да се избегнат скапите
тужби кои би можеле да следат од матичните производители на Corvette
и на Mustang, приколките не се прецизни реплики на моделите што ги
претставуваат.
Сепак, сличноста е очигледна и секому ќе му биде јасно за
кој автомобил станува збор.
Приколките са тестирани и имаат дозвола за употреба во
редовен сообраќај. Единствено што би можело да ве спречи да ги купите е нивната
цена.
Секоја од нив стартува од 3.495 долари, секако доколку
стандардната верзија не ве задоволува и сакате уникатен примерок тоа ќе ве чини
од 9.995 долари па угоре.
Кој милува нека повели.

|