Get Adobe Flash player
Lancia вози со педали
15.06.2007
lanciabike1Има такви кои од секогаш расправаат дека две тркала се подобри од четири. Доколку сте еден од нив, денес по некоја случајност имаме нешто што можеби ќе ве заинтересира.

Производителот на убави автомобили Lancia одлучи да ја прошири својата дејност и да вози со педали. Ова е урбан велосипед. Дизајниран е и направен во соработка со MomoDesign и е опишан како „првиот кабриолет на Lancia со две тркала”.

Ние би додале дека му недостасуваат неколку карактеристики за кабриолет, како, да речеме мотор, волан, каросерија, врати, соодветни седишта и настрана од се друго околу тон метал. Но, да не се фаќаме за влакно, сепак, ова е убаво парче. Затоа што не е обичен велосипед, направен е да биде лесен, а брз.

Урбаниот велосипед на Lancia користи назабен ремен место синџир, што го прави педалирањето помазно и поудобно. Има осум степени сместени во куќиштето на главчината на задното тркало. Овие одлики го прават совршен за да го возите во одело бидејќи нема опсаност од замастена ногавица.

Рамот е направен од цевкасти профили во форма на лак кои според конструкторите ги впиваат нерамнините и во спрега со дебелите гуми го прават користењето на амортизери излишно.

За на крај можеме да ве увериме дека оваа Lancia нема да кородира. Рамот, вилушката, гиданот, цевката од седиштето, калниците, багажникот се направени од карбон. Педалите се од магнезиум, а тркалата од алуминиум. И целиот велосипед тежи помалку од 11 килограми.

lanciabike2lanciabike3

 

 

 

Facebook