|
08.10.2007 |
Во LG го претставија нивниот нов
модел на мобилен телефон под името Voyager, a e спомнуван и под ознаката VX10000.
Станува збор за апарат, кој после Prada, пробува да им ги замрси сметките на
Apple и нивниот iPhone.
Ова е интересен концепт со два екрана,
а комплетното ракување се изведува преку вградениот touchscreen на надворешната
страна, додека внатрешниот екран е резервиран за пишување на комплетната QWERTY
тастатура која се „крие” во телефонот.
Од подржаните технологии за сега
познато е дека ќе има подршка за 3G и мобилна телевизија, како и Bluetooth.
Фотографирањето ќе се врши со помош на интегрираната камера со резолуција од
два мегапиксела, а податоците ќе се снимаат на microSDHC мемориска картичка.
Останатите информации LG ќе ги објави во
текот на месецов.
|