|
27.08.2007 |
Еве сега светот доби и луле од Porsche! Кое секој
љубител на добриот дим ќе го направи поразличен. Тоа е дел од од линијата на
пушачки реквизити што ги нуди германскиот производител.
Во понудата се четири различни модели со цена од 165 евра
по луле. Секое од нив носи гумени детали за да подсеќа на дизајнот на тркалата
на Porsche. Овој додаток според дизајнерите помага да се зголеми
протокот на воздух во главата од лулето и гo чува надворешниот дел од лулето од
прегревање.
Екслузивните лулиња се направени од различни материјали
вклучувајќи карбон, титаниум и дрво од корен од дива ружа што му дава на димот
препознатлив вкус.
И како да не беше доволно да ги одржи среќни љубителите
на тутун и на супер спортски автомобили, Porsche исто така
произведе и сет од алатки за луле направени од алуминиум и хром, како и
хромирани запалки и кутии за цигари од карбон и од кедар.
На располагање е и кутија за одржување на влагата за 50
пури која ќе ги исцица купувачите за дополнителни 1.850 евра. Примамливо нели?
|