|
26.07.2007 |
Сребрената ѕвезда сеуште се опоравува од разделбата со Chrysler.
За таа цел Mercedes се обидува да направи корпоративно здружување од друга
врста, кое почива на шик дизајн.
На модната недела во Берлин, Mercedes ја
претставија својата нова линија на стакла за сонце и рамки во соработка со
италијанската компанија за очила Allison SpA.
Место отпрво да го проверат пулсот на пазарот Mercedes и Allison
самоуверено тргнаа со колекција од 40 модели.
Стаклата и рамките ќе се продаваат низ Европа преку ланец
на дилери по цена од 169 до 239 евра за рамки и 159 до 259 евра за стакла.
 
|