Get Adobe Flash player
Mustang `67 реплика од Lego
15.04.2008
mustang-67-lego-1.jpgГолем дел од љубителите на автомобили како мали цртале и правеле автомобили редејќи коцки, но малкумина продолжиле да го прават тоа и како возрасни.

Нормално со возраста пораснала и големината на автомобилите, па така автоблогерот Crowkillers постојано изненадува со некоја реплика на автомобилска икона во вистински формат направена од Lego коцки.

Најновата креација е Ford Mustang од 1967 со V8 во носот, хауба низ која излегува механичкиот компресор, независна суспензија која работи, менувачка кутија со четири степени на преност, карданско вратило, заден диференцијал, врати кои се отвораат автоматски, спојлер на капакот од багажникот и уште еден куп детаљи.

Очигледно во нејзината изработка е вложено многу труд и време, а дали успешно е претставена американската Muscle икона од крајот на шеесетите ниту имаме право, ниту сакаме да судиме.

Единствено што сакаме е да уживаме во галеријата и да пронаоѓаме и препознаваме технички и дизајнерски детали од вистинските автомобили.


 

 

 

Facebook