Get Adobe Flash player
Најкул модел на светот
06.07.2007
f180Serpent F180 е тип на автомобил со кого би можеле да поминеме многу време. Тој е единствениот болид од Формула 1 со кого ќе уживате на улица, пред зграда на паркинг, или пак, во двор.

За дома не го препорачуваме не поради прострот туку поради бучавата.

Serpent F180 е реплика на болид од Формула 1 со размер од 1:8, има независна суспензија на сите четири тркала во стил на Ф1 со двојни попречни водилки и амортизери кои се активираат по принципот – pushrod.

Следат четири диск сопирачки, централно поставен мотор кој се стартува со преносен стартер и полиран издув.

Како дополнување задната оска е со променлива геометрија каде се мести ширината на трагата и тврдината на амортизерите, а се мести и балансот на сопирачките и цврстината на предниот анти-ролбар.

Секој модел доаѓа со куфер за транспорт и посебен привезок каде е впишан серискиот број и две упатства за употреба.

Цената права ситница 840 евра, а доколку сте изгорени да го купите најблизу ви е Грција. Информирајте се на www.rcmicroracing.com.

f180-sasijaf180-pushrod-suspenzijaf180-sopiracki

 

Поврзани статии

 

 

Facebook