Get Adobe Flash player
Nokia 7500 Prism
06.07.2007
nokia-7500За сите кои патат по најнови модни додатоци, Nokia на модната недела во Кина, го претстави својот нов уред Nokia 7500 Prism.

Карактеристиките кои го красат овој мобилен телефон се два мегапикселната камера со блиц, подршка за microSD картици и два инчниот QVGA екран со 1,6 милиони бои.

Micro USB приклучокот дозволува полнење на Nokia-та преку USB кабелот на компјутерот, што автоматски значи дека е подржан и преносот на податоци преку USB стандардот.

Останатите карактеристики на 7500 се слични или исти со останатите телефони на Nokia базирани на серија 40.

Nokia 7500 Prism најпрвин ќе може да се купи во Кина во третиот квартал по цена од 210 евра.

 

 

 

Facebook