Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Обично едрење
20.06.2007
seaphantom4Vozi! покрај автомобилите по горештиниве сака и брзи бродови со моќни мотори кои личат на хибрид од кит убиец, Годзила и Q брод каков што возеше Пирс Броснан во Светот не е доволен.

Ова е нашиот блед обид за опис на Sea Phantom, но да бидеме искрени личи на ништо што сме го виделе претходно.

Тоа е работен концепт од американскиот дизајнер на пловила Дејвид Борман, човек со жичка на луд научник во себе кој има шанси да го револуционизира транспортот на вода.

Овој 10 метарски прототип е задвижуван од 8.3 литарски V10 од Ilmor -  британска компанија која ги задвижуваше шампионските болиди на McLaren во 1998 и 1999 – кој остварува 625 КС и вртежен момент од мрсни 814 Nm.

Sea Phantom веќе крстари со брзини од 100 mph, a Борман планира да ја префрли технологијата на поголеми пловила кои ќе одат преку 150 mph. Бидејќи станува збор за брод брзината е изразена во наутички милји (1 милја = 1,852 километри).

Тајната во брзина на Sea Phantom е во две 2 метарски крила кои лежат во вода при брзини под 35 mph, но над оваа брзина го подигнуваат пловилото над нивото на водата, намалувајќи го отпорот, по што се чини како да лебди над површина.

Sea Phantom исто и како авионите се наведнува додека свртува при високи брзини, бидејќи внатрешното крило се собира што допринесува за дополнително уживање.

Борман вели дека клучот во брзината на Sea Phantom и неговата ефикасност е распределбата на тежина. Додека кај конвенционалните пловила тежиштето е префрлено назад, кај Sea Phantom тежиштето е напред што му овозможува мирно пловење.

Американската војска веќе е заинтересирана за проектот, но Борман верува дека ќе ги надмине границите и дека Sea Phantom ќе се користи и за брз превоз на патници. Или пак како играчка за големи деца кои ќе можат да си го дозволат бидејќи цената на пртотипот изнесува 500.000 долари и не веруваме дека серискиот модел ќе биде поевтин.

Само замислете: 625 коњски сили на располагање, отворено море и ниту еден полицаец на видик. Vozi! сака вакви пловила.

seaphantom1seaphantom2seaphantom3

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook