Навикнати сме да гледаме како спортските марки како Ferrari, Porsche, Lamborghini,
Bugatti го ставаат својот дизајнерски печат врз други продукти наменети за масовна
потрошувачка.
И претставува вистинско изненадување, освежување и
задоволство сознанието дека и Pagani се приклучи на овој растечки тренд со еден прималив
продукт.
Станува збор за аудио систем или како што е наречен Pagani
HiFi направен од карбон-фибер и алуминиум материјали кои производителот обилно
ги користи и во своите автомобили.
Дизајнот потсетува на аудио системот вграден во Рagani
Zonda. Понатаму деталите вклучуваат
четири издувни цевки кои личат како да се пресадени од Zonda и поставени
на дното од двата звучници имаат функција на бас рефлекс.
Моќноста на зучниците е 350 W, а
звучниот сигнал го добиваат од засилувачот со моќност 150 W, CD плеерот и
грамофонот поставени во средина меѓу нив со што се комплетира една визуелна
целина.
Вградените компоненти и користените материјали
гарантираат не само совршена чистина на звукот туку и исклучителна издржливост.
Пример е механиката на CD плеерот за која се гарантира работен век од 30.000 часа.
Тука е вградено најдоброто од двата света и доколку
сакате да стои кај вас во салонот да ве предупредиме дека најверојатно неможете
да си го дозволите. Доказ за тоа е необјавувањето на цената.
За оние што сметаат дека се доволно имотни да се почастат
со Pagani HiFi ќе мора да им се обратат директно во централата во
Италија, а за да ви ја олесниме комуникацијата ви ја давеме нивната e-mail
адреса: sat@paganiautomobili.it
|