Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Парфем од Lamborghini
16.07.2007
toninolamborghiniКој би сакал да мириса на Бик? Секој или барем така се надеваат трендсетерите Тонино Ламборгини и компанијата за парфеми Coty кои потпишаа договор за производство на парфем Lamborghini.

Помалку или повеќе Тонино Ламборгини е основач на компанијата. Ако не поради заслугите тогаш поради презимето. Тонино е син на Феручо Ламборгини и беше директор на Lamborghini пред компанијата да му биде продадена на Chrysler.

Денес Тонино има соствена линија на луксузна стока која се растега од облека преку мебел до ресторани и освен корените, името и логото нема никаква врска со сопственоста на ковачницата на егзотични автомобили која сега се наоѓа под капата на Audi.

И додека Automobili Lamborghini дури неодамна почна да го користи името за продажба на луксузна стока, Тонино го корне маркетиншкиот потенцијал на своето презиме и беџот со разјарен бик.

lambo-cafemachineТонино Ламборгини, а не производителот на автомобили беше тој што е одговорен за модерниот кафемат претставен пред неколку месеци и Тонино Ламборгини ќе биде тој што на светот ќе му подари мирис со беџот на разјарениот бик кој ќе им парира на Ferrari и на Bugatti.

Само да се надеваме дека не мириса на прегорени сопирачки, запалена гума или истурен бензин.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook