|
05.07.2007 |
Pentax го представи ново-стариот DSLR:
Pentax K100D Super. Станува збор за подобрена верзија на постојниот Pentaxa
K100D.
Бидејки
е базиран на K100D,
Super верзијата наследи некои негови особености како што се: Dust Removal (DR)
– патент кој гарантира дека површината на CCD чипот секогаш ќе биде беспрекорно
чиста; Shake Reduction (SR) – систем кој го намалува треперењето на раката.
K100D Super има софистициран Safox VIII автоматски
фокус систам со 11 точки на фокусирање, а со тоа гарантира дека сите субјекти
во кадарот ќе бидат во фокус. 6,1 мегапикселниот CCD чип со квалитетниот
процесор за обработка на слика, даваат убави, живи и богати фотографии. Во
понуда се и два начина на завршна обработка: „natural“ и „bright“.
K100D Super работи со нормални SD
мемориски картици како и со новите SDHC картици кои овозможуваат капацитет над
2 гигабајти.
Само
телото ќе се продава по цена од 520 долари (во САД), а во продажба се очекува и
кит пакет со 18-55mm
објектив по цена од 600 долари.
|