|
06.06.2007 |
Инженерите
на Philips осмислија елегантен и заводлив
црн преклопник украсен со златни детали, Philips 598, кој со својот изглед уште
од далеку би требало да порачува „мажи одбиј, ова е само за жени!”.
Истите
луѓе се погрижија телефонот да го наполнат со апликации кои им се чинеле
„поженствени” од другите како персонален дневник и календар, листа за купување,
менаџер за попусти, таблици за цени, пресметувач на телесна маса и мерач на
базна температура... Но ако Philips-овците мислат телефонот да го нудат само во
црна варијанта, тогаш не мислеле само на едно – има жени кои сакаат и малку
поживи бои!
Припадничките
на понежниот пол кои ќе се одлучат да го купат овој уред, можеби згодниот
црномурест Philips ќе го засакаат поради останатите стандардни карактеристики
на мобилниот телефон како музичкиот плеер, внатрешниот 1.8 инчниот 262к TFT
дисплеј, малиот надворешен 64х64 дисплеј, 128 MB интерна меморија, microSD приклучокот
или пак 1.3 мегапикселната камера.
Кога
Philips 598 за прв пат ќе ја побара женската љубов и по која цена, засега
останува непознато.
|