Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Piaggio MP3 за 2008
23.01.2008
piaggio-mp3-400-cc.jpgИнтересниот концепт на скутер со три тркала на Piaggio од кои парот се наоѓа напред веќе ги освои срцата на сите што сакаат да патуваат јавајќи на седиште, но не се толку вични зад кормилото.

МР3 е совршено превозно средство за оние што сакаат стабилност на автомобил и практичност на скутер. Од годинава Piaggio ја надополнува гамата на својот МР3 со нов помоќен мотор.

До сега МР3 се нудеше само со мотори со зафатнина од 125 сс и 250 сс, овие четиритакни едноцилиндарци се совршени за низ град, но не се доволно моќни за луѓето што секојдневно патуваат до своите работни места надвор од него.

Затоа од годинава МР3 им се нуди на клиентите со четиритактен едноцилиндарец од 400 сс кој остварува 34 коњски сили доволни за максимални 135 km/h кои очигледно се сосем доволни и за возење по автопат. Но, како што велат инженерите во Piaggio новиот мотор произведува доволно снага и вртежен момент и на ниски вртежи што е преку потребно за лагодно движење и низ градскиот сообраќај.

Секако тука надополнува и револуционерниот механизам на предните тркала кој овозможува тие заедно со МР3 да се накосуваат во свијок како секој обичен скутер на два тркала, а прито нудат многу поголема стабилност посебно за градските улици полни дупки.

Практичноста ја надополнува големиот багажник под седиштето, можноста за укрутување на системот при стоење, поради што на МР3 не му е потребен дополнителен штендер, а глемиот околоп комплетно го штити јавачот од налетите на ветрот при повисоки брзини.

И згора не се Piaggio за својот МР3 нуди гаранција од 2 години.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook