Get Adobe Flash player

Поглед низ црвено
06.07.2007
ferrari_visioСамо што сте дале неколку стотини евра на билети за Формула 1 и уште многу стотки за авионски билети и хотелско сместување. Сигурно нема да ја гледате трката низ обичен двоглед нели?

William Optics – не е во никаква релација со тимот на Williams во Ф1 – се надева дека нема да гледате трка со обичен двоглед и затоа се здружи со Ferrari за да го извади на пазар своето најново чедо оличено со беџот на коњот што се шепури и го крсти Ferrari Visio.

Куќиштето обоено црвено со висок сјај и со детаљ од карбон ги здомува леќите кои со пречник од 25 mm нудат зголемување од 8 пати и сето тоа тежи точно 290 грама.

Ferrari Vision 8x25 доаѓа во комплет со врвца за околу врат и торбичка за транспорт. И сето тоа е ваше за само 75 евра.

Ова не е првпат Ferrari да го стави својот знак на двоглед, што во секој случај е подобра варијанта отколку Ferrari скии или компјутер.

Од претходниот договор со Olympus исто така произлегоа двогледи, но и дигитални фото-апарати.

 
Get Adobe Flash player