Get Adobe Flash player

bmw-m-135i-1-2012-1
Три врати за новата BMW Серија 1

BMW ја претстави Серија 1 со три врати и ја зголеми гамата за уште два модели 114i и спортскиот М 135i

 
Get Adobe Flash player
Porsche 911 Turbo S контролер
05.10.2007
fanatec-porsche-911-ts-kontВо еден совршен свет секој што ќе посака автомобил како Porsche 911 Turbo S би требало да добие еден. Во реалниот свет за жал малкумина можат да си дозвoлат цена од шестоцифрен број.

За среќа постои виртуелна реалност која оперира во меѓупростор каде ентузијастите можат да се забавуваат со автомобили дури и такви каков што е еден 911 Turbo S.

Мостот што ќе го олесни патот до играчки насторените поршефили доаѓа од Штудгарт. Имено Porsche одобри со неговиот дизајн и значка на воланот да се пушти во продажба супер реалистички пакет на волан и сите пратечки команди за играње кои даваат извонредно повратно чувство за сето она што се случува под тркалата додека го возите виртуелниот болид.

Играчките команди Porsche 911 Turbo S што ги произведува Fanatec се соодветна реплика на воланот и педалите од вистинскиот автомобил. Завршната обработка со рачно сошиена кожа и вградувањето на автентичен беџ се на ниво на производителот од Штудгарт.

Но, додека вистинскиот автомобил има само еден мотор, контролерот има дури три серво мотори кои се грижат за соодветен фидбек и совршено чувство при возење.

На воланот му се придружуваат сет од три педали, гас, сопирачка и спојка калибрирани да даваат отпор како во реалноста. Fanatec нуди две меѓусебно изменливи рачки за менувач, шестстепена мануелна и секвенцијална Tiptronic.

И двете верзии можат да се приклучат на Playstation 3 или на PC и имаат држачи за во скут или стеги за да се монтираат на маса. Пакетот доаѓа дури и со USB мемориски стик кој има облик на клуч од Porsche.

Сето ова може да се купи преку интернет страницата на Fanatec , но и преку овластените дилери на Porsche низ светот.

Цената ситница 350 долари што е многу стотици пати поевтино отколку вистинското нешто.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook