|
06.06.2007 |
На саемот во Базел вриеше од
новитети, но со својот дизајн одскокнуваше Porsche
Design P'6750 Worldtimer GMT.
Како и секој GMT часовник, и ова уметничко ремек дело покажува времиња од две различни
временски зони – исклучително важно доколку сакате со својата Carrera да се возите од едниот крај до другиот крај на Европа,
или доколку сакате да знаете колку е часот во крајниот дел од вашиот Cayene. Наместо да користи четири стрелки за евиденција на
двете временски зони, P’6750 користи дополнителен прозорец на местото од 9
часот за прикажување на второто време, и уште еден индикатор на позиција од 3
часот за покажување на избраната локација.
Часовникот го движи Eterna
ETA Valgranges, спакуван во титаниумско куќиште. Бројчаникот може да биде во
боја на титаниум или црн, со лесно читливи бројки, додека часовникот се
прицврстува на зглоб со широка црна гумена каишка.
|