Зимата доаѓа, но легендарната марка никогаш нема да ги
остави своите клиенти на цедило. Без оглед што произведува спортски автомобили
таа нуди опции и за зиме посебно кога вашето Porsche ќе заглави
во снег.
Тука не станува збор за 911 Carrera 4, или пак,
за Cayenne кои и зиме возат подеднакво добро. Но, што ако во зимски
услови се најдете зад да речеме воланот на Cayman и заглавите
во снег. Нема потреба од паника во Porsche се сетила на време
и ја имаат вистинската работа за вас.
Porsche санка (фотос долу). Иако името не и е премногу
имагинативно Porsche Aliminumschlitten или Porsche
алуминиумска санка, сепак имагинацијата преовладува кога е во прашање
практичноста.
Санката се склопува и се претвора во еден вид практична
торба за носење и за складирање, бидејќи е предвидена без проблем да се смести
во багажникот на Cayman, Boxter, па дури и 911, за Cayennе
и да не зборуваме.
И покрај тоа што е изработена од алуминиум делот кој има
контакт со снегот или буквално лизгалките, имаат плус плочки од не`рѓосувачки
челик. Санката без проблем може да ја издржи тежината на еден возрасен човек.
Втората санка го носи името Porsche
Kinderbob или Porsche боб санка за деца. И како што самото име кажува наменета
е за уживање на снег за деца. Токму затоа има лут тркачки дизајн кој ги
освојува детските срца на прв поглед.
Се управува со рачки како кај велосипед, собира едно дете
и најважното има свирка за предупредување на спорите возачи кои се дрзнуваат да
возат во крајната лева лента.
И на крај цените. Секако за децата поевтино, Kinderbob може да се
купи за околу 65 евра, а возрасните што сакаат да се санкаат со Porsche ќе мораат
да се одвојат од дури 250 европски банкноти.
 
|