|
27.10.2007 |
Новата кујна на Porsche е високотехнолошки
бисер какво што се и неговите автомобили. Ова е кујна која е дизајнирана во Porsche и е
свртена кон љубителите на „брза храна”.
Спортската марка ги здружи силите со најстариот
производител на мебел во Германија, Poggenpohl за да го произведе
ова кулинарско ремек дело.
Кујната е стилизирана така за да им се допаѓа на мажите,
ито како и спортските автомобили на Porsche. Обилно е користен
алуминиум, плус вграден е аудио/видео систем кој е отпорен на заплискување од
вода и на жештина.
Купувачите ќе можат да бираат меѓу два финиши,
медијапан во боја на бор или темен даб. Кујната стартува со пордажба во салоните на Poggenpohl следната
година.
Цените почнуваат од околу 50.000 евра слично како и кај Cayenne.
|