|
30.08.2007 |
Италијанскиот производител на часовници Anonimo
Firenze претставува два рачни часовници изработени во чест на големиот конструктор
и дизајнер Керол Шелби.
Претставувањето на часовниците е темпирано да се појави
во исто време заедно со одржувањето на Concours
d’Elegance во Пеблбич.
Дизајнот на часовниците треба да одговара на класичните
модели на Шелби и тука нема замерки.
Првиот часовник Anonimo Shelby Mark II SE е базиран
на еден од хронографите што ги произведува компанијата со име Cronoscorpio
2018 Mark II. Но, за оваа прилика го носи логото на Shelby
Cobra, а финишот е или црно-сребрен, или пак, црно-златен. Дополнително и на
задниот дел од часовникот е изгравирано логото на Cobra.
Специјалната серија е ограничена на 1.000 часовници по
500 во секој од предвидените финиши.
Часовниците се испорачуваат во кутија на која соти
потписот на Керол Шелби и доаѓаат со повеќе различни ремени за во секој
пригода.
Како што можете да претпоставите овие часовници не се
евтини. Нивната продажна цена е 5.500 долари.
|