Точно после 40 години TAG Heuer одлучи да
направи реиздание на исконскиот рачен часовник Monaco чива
оригинална верзија ја носеше Стив Mеквин во
легендарниот филм Леман.
И како што бива со сите легенди зад нив стои вистинска приказна.
Приказната која стои позади филмот ја знаеме сите. Два тима се натпреваруваат
меѓу себе во обид да ја освојат најтешката трка на издржливост 24 ласа Леман.
Стив Меквин ја игра улогата на тркачот Мајкл Дилејни, а
за да ја исполни совршено својата ролја во легендарниот филм тој директно се
консултирал со својот добар пријател и амбасадор на TAG Heuer,
швајцарската тркачка легенда и Гранпри шампион, Џо Сиферт.
Но, разговорите околу снимањето на филмот не застанеле
тука. Сиферт на Меквин му го позајмил својот оригинален тркачки комбинезон на
кого е извезено логото на TAG Heuer.
Секако за Меквин ова не било доволно за исполнување на
визуелниот идентитет на Дилејни во филмот и затоа се обратил во TAG
Heuer и го одбрал нивниот, тогаш чичка нов модел, Monaco automatic
Calibre 11.
Од тогаш па до ден денешен овој модел почесто може да се
сретне под името McQueen Monaco, отколку под оригиналниот назив даден
од производителот.
Последното реиздание на часовникот е направено во чест на
40 годишнината од појавувањето на пазарот и во филмот. Monaco e првиот
автоматски рачен часовник чива штоперица мери со точност од 1.000 дел од
секундата.
Јубилејното издание ќе биде произведено во ограничена
серија од само 1.000 примероци. Куќиштето на специјалната едиција на Monaco
одзади е потпишано од почесниот претседател на TAG Heuer, Jack
Heuer и на него е изгравирана посвета „in tribute to Steve McQueen”.
Хронографот се испорачува спакуван во специјално
дизајнирана кутија и на него е монтирано ремче кое според дизајнот потсеќа на
оригиналното што стоело на часовникот на Меквин.
Часовникот пристигнува во специјализираните продавници на
TAG Heuer во јуни и ќе се продава по цена од 7.900 американски
долари.
|