Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
Renault F1 Team Collection Salt & Pepper
07.10.2007
renaultАко сте вљубеник во Формула 1, сигурно со задоволство ќе ја дочекате веста дека можете да поседувате дел од F1 болидите буквално на вашата маса. 

Благодарение на Renault F1 тимот, можете да си го остварите сонот со Renault F1 Team колекцијата.

Концептот е едноставен и брилијантен: зошто да не рециклирате делови од болидите во Ф1 и да ги адаптирате така да можат да се користат секојдневно во вашиот дом. Renault го постигна токму тоа – од подметнувачи под чаша до лампи, од соларници до држачи за салфети, секој предмет е изработен со љубов и е адаптиран од голем број на делови од вистински болид на Renault.

И како што е за очекување, ниту еден предмет од оваа колекција не е евтин, но од друга страна вистинските вљубеници во Ф1 тешко ќе одолеат на оваа единствена понуда.

Садовите за сол и бибер, на пример, се изработени од куќиштето на филтерот за масло, кое пак е изработено од специјален алуминиум кој се користи во авиоиндустријата и ќе ве чинат „само” 1.500 евра. Релативно пристојна цена за задоволството.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook