|
23.08.2007 |
Децата се повеќе и повеќе лудуваат по електрични
автомобили што можат да ги возат. Доколку не верувате обидете се да им купите
велосипед ако во дуќанот до него стои 8С Competizione.
Сепак, привлечноста е разбирлива. Овие реплики на
вистински автомобили се навистина Cool.
Во Британија една компанија со име Totcars уште сега
ги претстави своите хитови на електрични автомобили за претстојните новогодишни
празници во 2007.
Еден од најголемите хитови на Totcars е моделот
на Alfa Romeo 8C, а ниту помалку вредни се нивните реплики на болидот на Ferrari
од Формула 1 или пак еден Renault Мegane Trophy.
Ох, ќе го испуштевме и големиот дампер на Сaterpillar
кој има два мотори задвижувани од напон од 12 волти.
За да добиете претстава за тоа, што всушност сакавме да
ви кажеме погледајте ја галеријата. Кој не би одлепил на овие играчки?
|