Get Adobe Flash player
Samsung SGH-E590
06.06.2007
samsung_sgh-e590Samsung во соработка со индустрискиот дизајнер Џаспер Морисон претстави мобилен кој ги таргетира модно освестените клиенти. 

Морисон со Samsung соработуваше уште во 2003 година на дизајн на мобилни, а најновиот заеднички проект носи ознака SGH-E590. Телефонот е со елегантен и чист дизајн (помалку наликува на старите Sony Ericsson модели) и солидно опремен.

Вниманието го привлекуваат 3,2-мегапикселната камера со аутофокус и можност за панорамско фотографирање како и 1,79-инчен LCD со резолуција 220x220 пиксели и 262k бои. Тука се и музичкиот плеер, Bluetooth 2.0 и 90MB интерна меморија.

Интересен додаток е Bean bag – малечок статив на кој може да се прицврсти телефонот за полесно фотографирање. Телефонот тежи 66 грама, а се очекува во текот на следниот месец.

 

 

 

Facebook