|
20.10.2007 |
Samsung SGH-i450, музички фокусираниот S60
smartphone, беше официјално претставен од Samsung како дел од новата линијана
музички мобилни телефони.
SGH-i450 доаѓа со двоен лизгачки
механизам што значи дека со лизгање на горната половина на уредот во едниот
правец се откриваат мултимедијалните команди додека со лизгање во другиот
правец се појавува тастатурата.
Тој работи на платформата на Symbian S60, 3rd Edition и компатибилен е со HSDPA мрежите со брзина до 3,6 Mbps. Посебна
приказна кај овој музички телефон се звучниците со ICEpower засилувачот кои се
потпишани од Bang & Olufsen.
Поред постојните 35 MB интерна меморија
Samsung i450 нуди можност за проширување на меморискиот капацитет до максимални
4 GB. Samsung SGH-i450 најпрвин ќе се појави на италијанскиот пазар, а набрзо
потоа и на останатите пазари во Европа.
|