Се појави ново револуционерно седиште за деца за во
автомобил. Производителот Bebe Confort Axiss нуди паметно
ротирачко решение за едно детско седиште.
Според нив ротирачкиот механизам го смалува стресот
додека се обидувате да го сместите мрдачкиот убавко во безбедниот заден дел од
вашиот автомобил.
Поминаа четири години во развој на седиштето Axiss – оска,
кое може да се сврти под агол од 90 степени и на двете страни во однос на
основата.
На тој начин детето може да се смести и врзе во седиштето
додека е свртено со лицето кон родителот. Што ја олеснува работата на родителот
и делува смирувачки на детето.
Потоа седиштето се враќа во основната положба односно со
лицето напред. Седиштето може да се постави и на двете страни на задната клупа,
а се фиксира да гледа право напред со помош на паметен клуч – механизам.
Нормално седиштето го задржува системот за лесно
поставување во автомобилот со традиционалните три точки на врзување. Воедно
тука се и појасите кои се местат по висина, наслон за глава со дебела заштита
од страна која го штити и грбот и главата.
Седиштето може да се пофали со дебела постава од пена и
можност за менување на аголот на седење за да постигнување на максимален
комфор.
Предвидено е за деца од 9 до 18 килограми или за возраст
од отприлика 9 месеци до 4 години и ги задоволува најстрогите европски
стандарди за безбедност.
Axiss се нуди во палета од девет бои по цената од безмалку 300
евра. Заинтересираните нека ја посетат интернет страната www.bebeconfort.com.
|