Не грижете се не пропагираме лошо однесување и
загрозување на безбедноста во сообраќајот. Станува збор за друго. Како мажи не
можеме да замислиме низ што се минуваат жените за убавина.
Жици под градите, разни форми на болно отстранување на
влакната и во случајов најважното неудобни кондури.
Неудобните кондури пак можат да предизвикаат многу
поголеми проблеми од пликови. Нестабилната шилеста потпора и лабавото пасување
на нога можат да предизвикаат сообраќајна незгода, бидејќи модерните штикли се
далеку од добри кондури за возење.
Затоа посетете ја Sheila’s Wheels која разви
„Sheila Штикли за Возење”. Станува збор за чудо од дизајн.
Штиклите за возење на Sheila имаат висока штикла која се преклопува на напред и
влегува во ѓонот на стисок на копче. На фотографијата не се гледа копчето но
веруваме дека е таму.
Ова ја претвора штиклата во рамна кондура која е и повеќе
од прикладна за возење бидејќи ѓонот е прекриен со мека гума која стилски
имитира шара од гума. Меката гума ќе им биде од голема помош на припадничките
од понежниот пол при менување со меѓу гас.
Единствено не сме сигурни колку е модерна комбинацијата
од лакирана црна кожа и розева лента одзади која продолжува во штикла. Но, што
знаеме ние, сепак ова не е магазин за мода.
Сеуште нема информации за цената и каде може да се купат.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе посетете ја Sheila на www.ILoveSheilas.com
|