Get Adobe Flash player
Слушни го мојот Hummer?
15.06.2007
hummerht1Производителите на автомобили продолжуваат да го носат брендирањето во нови височини лепејќи ги своите логоа од комјутери преку музичка опрема до спортска облека.

Но, Hummer отиде чекор подалеку со претставувањето на лизгачки мобилен телефон HT1.

Место да го залепи своето исконско лого на некој високотехнолошки мобилен од Јужна Кореа, Hummer и француската дизајнерска фирма ModelLabs Group, всушност развија нов телефон почнувајќи од нула.

Овој телефон нема да можете да го најдете во Nokia, Motorola, Sony Ericsson или било кој друг поголем производител.

Бидејќи е производ на Hummer HT1 може да се добие во сите бои на нивните теренци, па дури и маскирна шара.

HT1 е набиен со сите ѕвона и свирки што ги красат современите мобилни вклучувајќи конекција GSM/GPRS, 2.2 инчен 260K Color TFT Touchscreen, камера од 2 мегапиксели, меморија од 256 MB и отвор за мемориска картичка microSD.

Мобилниот доаѓа со 10 постери и две видеа кои ги прикажуваат способностите на Hummer, кои би требало да ја оправдаат цената од 300 евра.

И зошто Hummer ја дава цената во евра?

Бидејќи ќе се нуди само во Европа.

 

 

 

Facebook