|
31.10.2007 |
Sony го најави
новиот дигитален фотоапарат од својата шминкерска линија Т, моделот Cyber-shot
DSC-T2.
Апаратот има
резолуција од 8,1 мегапиксели, веќе стандардните Carl Zeiss Vario-Tessar леки
со троен зум и голем позадински LCD осетлив на допир со дијагонала од 2,7 инчи.
Технологијата
Sony Super Steady Shot се грижи за оптичката стабилизација на сликата, додека
технологијата за препознавање на лице автоматски ја подесува експозицијата,
фокусот и балансот на боја. Најголемата ISO осетливост изнесува ISO 3200, а
уредот е опремен со раскошни 4 GB вградена меморија која може да се прошири со
картиците Memory Stick Duo / PRO Duo.
Планирано е апаратот да се појави во продажба во текот на декември по цена од 300 евра, а
ќе може да се избира помеѓу петте понудени бои на куќиштето.
|