|
19.10.2007 |
Во Sony Ericsson се најавени три
нови модели со ознаки W970i, K860i и K830i кои би требало да се појават во
почетокот на 2008 година.
Првиот модел W970i е припадник на
Walkman серијата и ќе има интегрирана камера од 5 мегапиксела. Кај овој модел
интересен е и новиот начин на ракување со помош на круг осетлив на допир
(clickwheel).
Моделот K830i е уште еден во
серијата Cyber-shot мобилни, и доаѓа со камера од 3,2 мегапиксела. Последниот
од најавените модели е K860i кој исто така е со камера од 3,2 мегапиксела, а со
својот изглед многу подсетува на веќе постоечкиот K810i.
|