|
22.08.2007 |
Momo, италијанската куќа за автомобилски уживатели кои сакаат
да ги лицкаат и дотеруваат своите миленичиња, дизајнираше сет од волани
специјално наменети за дрифтинг.
Воланите доаѓаат во две верзии. Првата е со
пречник од 330 милиметри, преслечена со превртена кожа. Пречките се во боја на
антрацит има жолти ленти.
Втората верзија е со дијаметар од 350 милиметри,
прекриена е со кожа има портокалови пречки и ленти.
И двата волани имаат централен круг со пречник од 90 милиметри
кој според познавачите овозможува најдобра контрола при надуправување.
Доколку случајно заборавите зошто сте го купиле воланот
зборот „Drifting” испишан на него ќе ве потсети.
|