|
06.06.2007 |
Sunconnect-овиот
нов преносен мултимедијален плеер SC-VP200SD PMP наменет е за долниот сегмент
на пазарот на кој широкоградо ќе му испорача и камера.
Овој плеер
има 2.4 инчен TFT екран во боја со резолуција 320х240 точки, подржува MP3 и
MPEG-4 формати плус JPEG за сликољупците, има и AV in/out приклучок за
конекција со TV уредите, вграден микрофон како и 128 MB меморија (која може да
се прошири со SD картици). Камерата е 1.3 мегапикселна која може да снима и
филмови (320х240, 30 слики во секунда). Li-Ion-ската батерија на апаратот му
обезбедува четиричасовна независност од други извори на напојување.
Sunconnect
SC-VP200SD PMP е со димензии 108х56х14.5 милиметри и тежи 110 грама. Достапен е
во црна и бела боја. Во Јапонија.
|