|
11.05.2007 |
Опсесијата околу новиот филм на Мајкл Беј, Трансформерс постепено
го обзема светот. Интересно е што возрасните се одушевуваат и се нестрпливи
подеднакво колку и децата.
Секако, возраста кај автофилите и технофилите не знае
за граници. Нив ги спојува опсесијата кон техниката која го окупира човештвото од секогаш.
Подеднакво како што вонземските раси Autobots и Decepticons го
окупираат светот носејќи ја сопствената борба на земјата и оставајќи ја
иднината на човештвото да виси на конец.
Мајкл Беј режисерот на она што се очекува да биде летен
блокбастер покажал фантастична креативност при дизајнирањето на секој Autobot
и Decepticon одделно, спојувајќи ги со монструми на четири или повеќе тркала.
Фотографиите на осумте трансформерси и нивните земски
верзии се на располагање сега, а за нивните верзии од пластика ќе треба да се почека до есен.
На вас останува да ги поврзете Optimus Prime,
Megatron, Bumblebee, Jazz, Ironhide, Starscream, Blackout и Frenzy
со автомобил, теренц, камион или авион. Среќно!
|