|
06.06.2007 |
Во текот на овој месец би требало да започне
светската дистрибуција и продажба на TurboLinux Wizpy – мултимедијален плеер
кој содржи комплетен Linux кој може да се вчита на PC.
Уредот е дизајниран од компанијата TurboLinux Inc. со
цел подобрување на дистрибуцијата на својата верзија на Linux, а наменета е за
оние кои „се заинтересирани за користење Linux, но не можат или не смеат да го
инсталираат тој оперативен систем.”
Wizpy се спојува со PC преку USB приклучок и дава
можност за подигање на Linux-от
кој постојано се наоѓа снимен во меморијата на плеерот. Корисничките
подесувања, лозинки, снимени страни и подесувањата на десктопот може да се
снимат на Wizpy и од него да се вчитаат на било кое PC на кое ќе се приклучи.
Како медијски плеер Wizpy може да се пофали со
1,7-инчен OLED и едноставна тастатура,
како и подршка за Ogg, MP3, WMA, XviD, MPEG4 и JPEG. Во состојба е да
снима звук во MP3 формат, а има и вграден радио приемник. Доаѓа во две верзии –
со 2 и 4 GB
RAM, а само верзијата со 4 GB содржи и TurboLinux. Цената во САД е 280 долари,
а слична би требало да биде и на останатите пазари.
|