|
10.08.2007 |
Victorinox Swiss Army во декември ќе започне со продажба на нивниот прв
механички часовник. Dive Master 500 Limited Edition ќе
се произведува во ограничена серија од 900 примероци.
Срцето на часовникот,
механичкиот механизам, е произведен во Швајцарија, има резерва на
енергија од 42 часа која може да се види од задната страна на часовникот изработена од
сафирно стакло.
43 милиметарското титаниумско куќиште и ременот се пресвлечени со PVD техника
со што се гарантира отпорност на удари и создавање на гребаници.
Овој
професионален нуркачки часовник е водоотпорен до 500 метри и е опремен со
вентил за испуштање на вишокот воздух од куќиштето.
|