Get Adobe Flash player
Во чест на 50 годишнината на Skyline
20.07.2007
tomica-skyline-50Јапонскиот производител на die-cast модели за прославата на 50 години Nissan Skyline пушти во продажба комеморативна серија од шест модели кои пристигаат оригинално пакување.

Пакувањето го носи логото од 50 роденеден на Skyline и посебна налепница со сериски број која ја докажува автентичноста на производот.

Во Tomita одлучиле славеничкото лого да го носат модели од генерација 2 (S546) до генерација 6 (R30) на јапонската икона Nissan Skyline. Сепак, помалдите влубеници во исконскиот автомбил ќе ја бараат и генерација 10 нашироко позната пред се поради успесите во мотоспортот.

Продажбата стартува на крајот од месецов, а цената изнесува 525 јени или нешто повеќе од 3 евра што ќе се согласите воопшто не е многу за да се поседува парче историја.

Проблемот не е во цената туку во достапноста. Бидејќи е многу тешко да се најдат моделите на Tomita во Европа.

Најверојатно моделите од оваа посебна продукција се време ќе се најдат и на еBay, но тогаш цената би можела да скокне драстично.

 

 

 

Facebook