Студентите на колеџот за дизајн Арт Центар претставија
прототип на седиште за деца дизајнирано според тркачките кади на Sparco и е изработено од карбон-фибер.
Тие сметаат дека по ваков тип на седишта ќе лудуваат
родители со бензин во крвта и оние чива намера е да ги воведат своите деца во
светот на мотоспортот од најрана возраст.
Но, ако се тргнат настрана аспирациите на родителите еден
ден да ги видат своите деца во Формула 1, идејата на седиштето Wing
Man во форма на тркачка када изработена од цврстиот и лесен карбон-фибер е
безбедност пред се.
Рори Крег главниот дизајнер го конструирал Wing
Man не само како чист концепт кој треба да ја најави иднината на седиштата за
деца, туку како финален производ со можност за местење во зависност од возраста
на детето.
Седиштето изработено од карбон-фибер е лесно и цврсто и
пружа одлична заштита за малите патници и може да се користи во трите основни
фази при растење на детето.
Односно, да биде свртено обратно од правецот на движење –
поставено напред или назад - за многу мала возраст, да биде поставено назад во
правец на движење за малку поголеми деца и на крај да се користи само како
поткренувач на задното седиште.
Без оглед како ќе се користи дефинитивно седиштето Wing
Man ќе направи децата да се чувствуваат посебно, а ако не тие, нивните родители
со сигурност.
|