|
10.05.2007 |
Најголемите изуми во историјата на човештвото најчесто се
наједноставни. На пример тркалото. Најголемите изуми исто така ги
надминуваат јазичните бариери. Може да се разберат дури и на кинески.
Можеби не е најголемиот изум на сите времиња, но
закачалкава направена со рачки од менувач е неверојатно едноставна. Се што
треба да и се додаде е ѕид на кој треба да биде закачена и алишта што ќе висат
на неа.
Интернет страната на која се продава оваа откачена
закачалка се нарекува: „USA нешто Colour или слично”. Не се разбира бидејќи е на кинески или
можеби на јапонски? Најверојатно на јапонски бидејќи цената е во јени. И
изгледа дека немаат проблем со било каква форма на платежно средство или барем
така се чини.
За да се закачи дома на ѕид треба да се издвојат околу 50
евра, но прашањето е како ќе ја испорачаат од Јапонија во Македонија. Па снаодливи се тоа јапонците. Кој сака
да нарача нека се обиде на http://shop-colour.net.
Во секој случај како што вели рекламата закачалкава е Cool.
 
|