Претседателот на Tesla
Motors, Елон Маск
со гордост најавува дека европјаните лудуваат по нивниот
спортски електромобил Tesla Roadster и дека на Стариот континент веќе се порачани преку 1.300 примероци.
За да ја рашири својата мрежа и да го зголеми присуството
на европскиот пазар Тesla
Motors го отвори својот прв салон во Европа. Салонот
е сместен во Лондон
на Шевал Плејс и се наоѓа на само неколку минути од
популарниот трговски центар Херодс и од аеродромот Хитроу.
Ова е првиот салон на Tesla Motors во
Европа, но според Маск забрзано се работи на промовирање на марката и на отворање
на нови салони во Монако и Минхен во текот на летото, а понатаму се очекува и
салон во Цирих.
Според него првите примероци на Тesla Rodster на купувачите од Европа ќе им бидат испорачани кон средина на летото,
додека клиентите од Велика Британија ќе мораат да се стрпат малку повеќе за
испорака на моделите со волан на десна страна кои доаѓаат на почетокот на 2010.
Tesla
Motors паралелно со раширување на мрежата во Европа, работи и на
раширување на мрежата на домашниот пазар во САД каде
дополнително ќе бидат отворени четири претставништва во градовите кои се највлијателни
културни и бизнис центри.
Поради значителниот успех постигнат на почетокот од
појавувањето на европскиот пазар Tesla
Motors се охрабри и во Европа ги отвори своите врати за нарачки
за својот нов електромобил Tesla
Model S кој во производство ќе влезе во 2011.
Model
S е седан со варијабилност на еден миниван или SUV барем
така најавуваат од Тesla. Има пет места за седење плус две седишта за деца кои се склопуваат во
подот на багажникот.
Автомобилот дополнително нуди и место за багаж под
хаубата напред, додека багажникот заедно со преклопениот среден ред седишта
отвораат доволно простор за превоз како што наведуваат во Tesla, телевизор LCD со дијагонала од 50 инчи, или пак, велосипед.
Tesla го нуди Model
S со три различни батерии во завиност од потребите на
клиентот. Автономијата се движи од околу 260 km, преку 370 km и
малку преку 480 km.
Полнењето до максимален капацитет на батериите трае 45
минути, а постои и можност за брзо полнење од 5 минути. Потребниот напон за
полнење на батериите може да биде 120V,
240 V и 480V.
Tesla Model S ќе може да вози и со погон на четири тркала, максималната брзина
изнесува 193 km/h, додека забрзувањето до 100 km/h трае едвај подолго од 5,6 секунди, односно точно 5,6 секунди од 0 до 60 mph.
Цената на Model
S стартува од 49.900 долари во САД.
|