Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
1 милион возила до 2017
16.02.2012

Ова е целта на рускиот гигант AvtoVAZ кој сега работи под капата на алијансата Renault-Nissan. Покрај зголемувањето на производството AvtoVAZ планира и зголемување на понудата.

renault-nissan-avtovaz-logo-1-2012-1

Претседателот на компанијата Игор Комаров наведува дека во следните 5 години AvtoVAZ на пазарот ќе испрати 10 нови модели од кои поголем дел ќе бидат конструирани со технологијата на Renault-Nissan.

Француско-јапоснката алијанса до крајот на годината треба да добие и нов пакет на акции со кого ќе има контрола над AvtoVAZ со што ќе започне е смената на генерации на возила во руската компанија.

Прв модел од оваа агресивна кампања е Lada Largus која ќе се произведува на нова линија која има капацитето од 300.000 возила на годишно ниво. Оваа бројка полека треба да се зголемува до 1 милион возила годишно во 2017 година.

Кoмаров наведува дека AvtoVAZ не сака да руши рекорди во производство и продажба, туку обновување на целата гама на производи. Паралелно со Lada Largus во погоните на фабриката во Ижевск ќе почне и производство на модели на Renault и на Nissan.

На лето ќе пристигне и луксузната верзија на Granta, a во 2013 доаѓаат комби и хечбек изведба на Granta и плус два нови модели на Renault. Според Комаров алијансата Renault-Nissan-AvtoVAZ до 2014 ќе произведува модели на трите марки на една производна линија.

 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook