Ватикан објави некакви 10 заповеди за возачите во кои
меѓу другото стои дека со возилото не смее да се убие, никако да се пие и да се
вози и задолжително да се помогне во сообраќајна несреќа.
Овој необичен документ издаден од Ватикан предупредува
дека автомобилот во одредени ситуации како што е брзо возење или проституција
може да биде средство за правење грев.
Исто така брзото возење предизвикува непристојни гестови
како псовки, закани и одсуство на граѓанска одговорност што спрема Ватикан е
нерпифатливо и грешно.
Затоа од возачите се бара да возат спрема сообраќајните
прописи и со чувство за морална одговорност и молитва во срцето.
Кардиналот Ренато Мартино кој стои зад овој документ вели
дека Ватикан одлучил да реагира бидејќи возењето е се почеста причина за смрт.
Во просек годишно 1.200.000 луѓе гинат во сообраќајни незгоди ширум светот.
Десетте возачки заповеди се:
1 Не убивај
2 Патиштата се место за соработка и зближување меѓу
луѓето, а не место за смртоносни закани
3 Љубезност, почитување на прописите и внимателност ќе
помогне во непријатните моменти
4 Биди милосрден и секогаш помогни им на унесрќените
5 Автомобилот не смее да биде средство за искажување на
надмоќност и правење на грев
6 Љубезно и милосрдно уверете ги возачите кои не се во
состојба да возат да не седнуваат зад волан
7 Пружете потпора на семејствата на жртви во сообраќајот
8 Обиди се да ги споиш предизвикувачите на сообрќајни
незгоди и нивните жртви за да се смират и жртвите да можат даму простат на
предизвикувачот
9 На пат секогаш штити ги оние кои се најзагрозени
10 Биди одговорен спрема другите учесници во сообраќајот
|