|
22.06.2007 |
Alfa Romeo во моделската понуда на грациознata
159 и 159 Sportwagon ја вклучи опцијата Turismo
Internacionale. Од сега и двете верзии ќе се перчат со дискретната ознаката TI.
Верзијата TI ќе се разликува со единствени стилски
детаљи на каросеријата, спуштена спортска суспензија, 19 инчни бандажи од лесен
метал, црвени сопирачки клешти од Brembo и хромирани
ретровизори и издув.
На располагање се само три бои Alfa црвена,
загаснато сива и карбон црна за да се осигура ексклузивноста на моделот.
Греани и електрично поддесувани предни спортски седишта
од кожа, нови спортски инструменти, алуминиумски педали, инсерти од четкан
алуминиум и кожен волан и рачка од менувачот го надополнуваат интериерот на TI.
Под хаубата ќе работат три мотори. Два бензинци 2.2 JTS и 3.2 JTS
V6 и еден дизел 2.4 JTDM, сите расположиви со мануелен или QTronic
менувач.
|