|
08.06.2007 |
Кршење стакло, врисоци: еден возач предизвика паника во трговски центар во предградие на Њујорк. Тој залетан пролетал низ стаклените врати, профучел низ еден дуќан и се качил врз еден киоск.
Не се работи за каскадер од акционен филм: еден 19-годишник синоќа ги пробил стаклените врати на посетен шопинг центар, пролетал низ еден бутик, го прелетал централниот дел, се качил на еден киоск и оттаму по две диви свртувања запрел пред ресторанот на Мекдоналдс пред толпа преплашен народ.
Еден од присутните успеал да го совлада возачот и го задржал до пристигнувањето на полицијата. Штетата е проценета на 45.000 евра. Центарот бил затворен два часа подоцна заради чистење. Не се знае причината поради која младиот возач го направил ова лудување.
|