Get Adobe Flash player
2008 Saab 9-3 Aero Convertible на ачик
07.06.2007
saabcab1Кабриолетот од неодамна претставениот Saab 9-3 е во завршна фаза. Интересно е што автомобиолот е фатен на ачик далеку пред официјалното претставување закажано за на есен.

Се чини дека инженерите на Saab не се премногу загрижени за камуфлирање на автомобилот откако близнаците „седан и караван” веќе и се претставени на јавноста.

Измените во однос на претходникот опфаќаат нова предница превземена во целост од седанот и краванот, нови врати и задни светла под порѕирно стакло инспирирани директно од концептот Saab Aero X.

Заедничко за целата гама на Saab 9-3 вклучувајќи го и кабриолетот е единствената опција за три вида на гориво: бензин, дизел и Е85 BioPower. Како и трите нивоа на опременост: Linear, Vector и Aero.

saabcab2saabcab3

 

 

 

Facebook