Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
200C електричен концепт од Chrysler
15.01.2009
chrysler-200c-koncept-1.jpgКонцептниот електричен автомобил 200С е предвесник на новиот DNA дизајн на Chrysler со кого се поставуваат смерници за изгледот на идните модели на американскиот производител.

Замислата на инженерите во Chrysler е 200С да биде седан со високи перформанси кого примарно ќе го задвижува електричен мотор со моќност од 284 коњски сили кој енергијата ќе ја добива од пакет на литиум-јонски батерии.

Идејата е иста како кај Chevrolet Volt. Откако капацитетот на батериите ќе се намали во погон влегува конвенционален малолитражен мотор кој служи како генератор за нивно повторно полнење.

Возејќи само со батерии 200С може да мине малку преку 60 km, додека со вклучување на класичниот мотор автономијата се подигнува на преку 600 km пред потполно празнење на батериите.

200С е способен да спринтува до 100 km/h за околу 7 секунди и да достигне максимална брзина од близу 200 km/h. За сопирање се грижат самовентилирачки жлебени дискови кои ги зафаќаат четири клипни сопирачки клешти.

Дизајнот на 200С претставува своевидна еволуција на веќе поставените насоки. Определбата за мускулест дизајн посебно се огледува во предна маска и страниците на автомобилот со нагласени отвори над тркалата.

Претставник на високата технологија вградена во 200С е и таблата со инструменти во која е вкомпониран напредниот електронски систем за контрола на возилото и информацискиот систем.

Електронскиот панел со инструменти работи на принцип на тачскрин и на возачот му овозможува на едноставен начин да ја одбере информацијата што му е потребна, да ја менува заднината, да одбира слики, да го менува интензитетот и бојата на осветлувањето...

Луѓето кои работеле на проектот го крстиле електронскиот панел – техно лист – кој подеднакво е достапен за ракување и за возачот и за совозачот.

Со притискање на еден дел од површината на техно листот од фиоката пред совозачот излегува компјутер преку кого може да се пребарува на интернет, да се уредува сопствената музичка и филмска датотека, да се прегледува сервисниот распоред на возилото...

Секако олку напредна технологија сеуште неможе да се очекува во еден сериски автомобил. Токму затоа во Chrysler не сакаат да зборуваат за иднината на 200С, но извесно е дека седан со сличен изглед наскоро треба да го здогледа светлото на денот.


 
Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook