|
Денес од прозиводните ленти на фабриката на Porsche во Лајпциг се симна Panamera број 25.000. Јубилејниот примерок на Panamera е нарачан од клиент во САД и го носи 3.6 литарскиот V6 бензинец.

Според официјалното соопштение што доаѓа од Porsche производството на Panamera во фабриката во Лајпциг стартуваше во месец мај 2009, а продажбата во Европа стартуваше во септември, додека во САД во октомври 2009.
Интересно е што најслабата верзија со 3.6 литарски V6 и 300 КС на која и припаѓа и јубилејниот примерок беше пуштена на пазарот пред само два месеци, и одеднаш по неа завладеа права јагма, посебно во САД заради цената.
На почеток Panamera се продаваше само со V8 мотори, атмосферскиот со 400 КС кој работи во Panamera S и Panamera 4S со погон на четири тркала и турбото со 500 КС поставен во Panamera Turbo исто така со погон на четири тркала.
Сите верзии на Panamera вклучувајќи ја и најслабата имаат роботизиран менувач со две спојки и седум степени на пренос и систем Старт/Стоп. Воедно насјалабата има погон само на задни тркала.
Од стартот на продажбата до сега во САД се продадени околу 5.000 примероци на Panamera додека пазарот во Европа проголтал околу 15.000, а останатите 5.000 се раштркани ширум светот.
Цените пак се многу различни. Во САД најевтината Panamera со 3.6 V6 мотор стартува од 74.400 долари, а во Германија од 75.899 евра. Додека најмоќниот Turbo во САД стартува од 135.300 долари, а во Германија од 137.898 евра.
Во Европа најпродаваниот модел е Panamera 4S со V8 од 400 КС којшто во целокупната продажба на Panamera на стариот континент влегува со солидни 44%. Овој модел во Германија стартува од 103.150 европски банкноти.
|