Get Adobe Flash player
25 модели за 20 години Carlsson
09.08.2010

Престижната тјунерска куќа Carllson специјализиран за доработка на моделите на Mercedes го претстави првиот модел кој не е тјунирана изведба туку комплетно се разликува од автомобилот донатор.

carlsson-super-gt-c25-2010-1

Овој специјален автомобил едноставно наречен Carlsson Super-GT C25 е создаден комплетно од инженерите и дизајнерите на Carlsson, а за основа е земен Mercedes SL 65 AMG.

Малата работилница за доработка на автомобили своите први чекори во светот на тјунингот ги направи во 1989 кога браќата Ролф и Андреас Нaртге го основаа Carlsson Autotechnick GmbH и оттогаш не престануваат да го изненадуваат светот со своите иновации и доработки на тема Mercedes.

Името на компанијата е избрано во чест на рели легендата швеѓанецот Ингвар Карлсон кој заедно со Бјорн Валдегард и Валтер Рерл ја создаваа историјата на  светското рели, а нивната виртуозност зад волан се слави и ден денес.

Во знак на навршувањето на 20 години од основањето и смртта на Ингвар Карлсон во 2009, Carlsson одучи да создаде нов уникатен автомобил кој од SL 65 AMG ја зема на заем само платформата.

Моделот С25 како што вели неговото име ќе биде изработен во само 25 примероци, но да видиме што се случува под и околу ново дизајнираниот модел.

Ова посебно купе со цврст кров е нацртано од главниот дизајнер на Carlsson, Ролф Шеп и е првиот модел на компанијата чив дизај драстично отскокнува од основниот дизајн на автомобилот на чија основа а создаден.

За комплетна изработка на каросеријата и на внатрешноста е задолжена каросериската работилница DMS Design од Минхен која исто така постои од 1989 со главна дејност имплементирање и разработување дизајнерски идеи, изработка на модели во глина и комплетни концепти за автомобилската индустрија.

Она што е евидентно од приложените фотографии на ова уникатно купе со агресивен настап е неверојатната посветеност кон детали како на каросеријата така и во внатрешноста опточена со кожа.

Покрај дизајнерските елементи евидентна е и технологијата и техниката вградени во С25. Оптимизираната аеродинамика со рамна подница и дифузор одзади, дозволува отворање дупки за разладување на сопирачките као за предните така и за задните сместени ниско во широките прагови.

Телото на автомобилот е значително проширено во пределот на предните и задните крила кои пак сами по себе имаат рамни страници кои во линија се совпаѓаат со огромните тркала со дијаметар од 20 инчи.

Широките крила овозможиле отворање шкрги за одвод на жештината која ја создаваат огромниот 6.0 литарски V12 битурбо и моќните сопирачки, но и сместување на гумите од Dunlop со димензии 265/30 напред и 335/25 назад.

Моќниот V12 на AMG генерално не е доработуван. Меѓутоа Carlsson не би бил Carlsson кога не би искористил малку од својата технологија конструирана во сопствениот оддел за развој на мотори и електронски компоненти.

Моторот добил нов издувен систем изработен од не`рѓосувачки челик и полиран со зголем проток, комплетно нова електронска единица за менаџмент. Сето ова условило со подогнување на моќноста на битурбото на 753 КС.

Вртежниот момент од камионски 1.320 Nm е ограничен електронски на 1.150 Nm за да се сочува трајноста на менувачката кутија, диференцијалот и погонскиот мост. Сето ова условило С25 да се катапултира до 100 km/h за 3,7 секунди.

Максималната брзина од Carlsson сеуште не ја објавуваат. Меѓутоа за да може да се издржат бесните перформанси направена е ревизија на потпирањето. Иако исто како кај SL 65 AMG потпирањето добива нов систем за интелигентно управување наречен C-Tronic целосно развиен од Carlsson.

Системот за управување со суспензијата има способност за самоучење и ги прилагодува параметрите според начинот на возење на сопственикот, условите на патот и брзината.

Carlsson дава гаранција за С25 од три години благодарение на опсежните тестирања во должина од 2.000 km, но направени во тркачки услови на патеката Хокенхајм што е исклучително исцрпувачки за автомобилот.

Како што наведовме на почеток Carlsson ќе произведе само 25 примероци од С25 со почетна цена од 490.000 евра.

 

 

 

Facebook