Get Adobe Flash player
Get Adobe Flash player
3 милиони евра украдени од BMW
01.12.2010

Вработени во BMW систематски изнесувале делови од погоните на компанијата кои подоцна ги продавале преку интернет се вели во соопштението што го дава германската криминалистичка полиција.

bmw-factory-2010-1

Според германските полицајци кои се занимаваат со спречување на индустриска шпијунажа фатената банда вработени дејствувале внатре во фабриката на BMW во Минхен и успеала да украде делови во вреднос од 3 милиони евра.

Станува забор за криминогена група составена од тројца соработници од кои два со години работеле во фабриката, а третиот бил вработен во фирма која била кооперант на BMW, појаснува меѓу другото инспекторот Роберт Вебер.

Тројцата се задржани во полиција под обвинение за кражба, трговија со украдена стока и измама. Интересно е што бандата крадела се од инструменти до јаболчести зглобови за менувачот и управувачкиот механизам.

Најголема измама е направена со седишта кои приведените вработени го краделе на тој начин што ги пријавувале за дефектни и потоа како оштетена роба ги изнесувале од фабриката.

Истражувајќи го случајот дојдено е до заклучок дека бандитите заработиле баснословна сума крадејќи од BMW. Се наведува заработка од околу 3 милиони евра кои биле префрлани надвор од Германија, главно во турски банки.

Кражбата на делови првично била забележана од службите за истрага на BMW кои откако ја увиделе операцијата и направената штета случајот го пријавиле на германската криминалистичка полиција.

Гласноговорникот на BMW, Михаел Ребсток се обиде да објасни дека кражбите во фабриките на BMW се вистинска реткост. „Но, меѓу 31.000 вработени во центарот на BMW во Минхен може да се појави црна овца,” заклучи тој.

 

Поврзани статии

Get Adobe Flash player

autofocus-baner
 

 

Facebook